Најдобар anti age третман за лице
Добро е познато дека жените од Кореа “не стареат” и во зрелите години кожата им изгледа свежа, млада и добро хидрирана. Нивната тајна не е само во добрите гени, туку и во квалитетната нега за кожа.
Иако често велиме дека живееме во забрзан свет и никогаш немаме време, понекогаш е потребно да одвоиме време само за себе и да и овозможиме на својата кожа на лицето совршен третман. Покрај секојдневната нега од хидратантната крема, маската за лице претставува вистински wellness третман за длабинска нега, со која кожата ќе биде здрава и блескава.
Оваа маска делува интензивно против стареење и и овозможува lifting на кожата, благодарение на нејзините клучни состојки. Функционалната маска против брчки содржи колаген и високо нутритивен серум против стареење, кои ја прават кожата мека и еластична. 17 природни состојки и хијалуронска киселина, за смирувачка и хидратантна нега во исто време!
Убавата и негувана кожа е најважниот показател за човечката убавина.
Природна маска за лице – решение кое низ годините се покажало ефикасно, функционално и прифатливо.
Маска 3. генерација
Оваа маска е дизајнирана за подмладување и враќање на еластичноста на кожата. Има тродимензионална нано структура, слична на човечката кожа. Содржи 17 билки од алпските предели, како и аденозин и колаген.
Не содржи никакви штетни супстнации
Препорака:
Правете еден третман неделно, четири недели по ред, а потоа продолжете го третманот еднаш месечно.
Како се користи:
Темелно исчистете го и исушете го лицето.
Маската е поставена помеѓу два слоја. Отстранете го тенкиот слој, наместете ја маската според контурите на лицето, а потоа отстранете го пластичниот апликатор. Оставете да делува 20-30 минути. Потоа, отстранете ја маската, а преостанатата течност распоредете ја по целото лице.
Да не се мие.
За кожа која има знаци на стареење.